WELCOME to the official web-site of Macedonian Green Center
Претставување на резултатите од проектот „Спроведување на ОВЖС и СОЖС процедурите во Македонија“ PDF Print E-mail
Tuesday, 10 November 2009 15:55
There are no translations available.

 

На 18 март 2009 година во Белград, членовите на тимот кој го спроведуваше истражувачкиот проект „Спроведување на ОВЖС и СОВЖС процедурите во Македонија“, имаа можност да ги претстават резултатите од проектот пред другите грантисти од програмата „THINK AND LINK”- Regional Policy Programme for Think Tanks and Policy Institutes, финансирана од меѓународната фондација European Fund for the Balkans. За време на состанокот сите организации кои се дел од оваа програма имаа можност да ги презентираат резултатите од своите истражувачки проекти во областа на политиките за животна средина.

 

Посетата во Белград беше искористена и за учество на еднодневната работилница под наслов „Улогата на независните центри за истражување на политиките (think thanks) во процесот на политиките, и нивната релевантност во ЕУ интеграциите – Студија на случај за политиките за животна средина во Западен Балкан“. Настанот беше во организација на European Fund for the Balkans и Чешката амбасада во Белград. Како панелисти на работилницата беа претставници од think thank организации од Балканот и Централна Европа, кои работат на следење на политиките во различни полиња, а целта беше да се изнесат искуствата како овие независни центри за истражување и следење на политиките може да влијаат врз нивното донесување и спроведување. Како последни панелисти на оваа средба беа и грантистите на програмата THINK AND LINK”, меѓу кои и претставниците на Македонскиот зелен центар. Сите тие имаа можност да ја претстават ситуацијата со животната средина и политиките за животната средина во Македонија, Албанија, Србија, Косово и Хрватска.

 
Основање на Регионална зелена лоби група PDF Print E-mail
Thursday, 25 December 2008 20:16
There are no translations available.

 

Регионалната работна конференција што се одржа од 19 до 21 декемви 2008 год, во Охрид, беше на тема “Формирање и поддршка на првата Регионална парламентарна зелена лоби група”, на која присуствуваа 12 пратеници, членови на националните парламентарни зелени лоби групи на Република Македонија и Република Албанија, претставници од Министерствата за животна средина на двете земји и претставници на 20 граѓански здруженија од земјата и регионот.

Read more...
 
Истражување за спроведување на законската регулатива за Оценка на влијание врз животната средина (ЕИА и СЕА) PDF Print E-mail
Monday, 20 October 2008 19:53
There are no translations available.


Македонски Зелен Центар започна со имплементација на истражувачкиот проект „Спроведување на процедурите за Оценка на влијание врз животната средина и Стратегиска оценка на влијанието на определени стратегии, планови и програми врз животната средина во Македонија”.

Read more...
 
СЕДМА ГОДИШНА СРЕДБА на здруженија на граѓини активни во полето на животната средина PDF Print E-mail
Monday, 15 December 2008 19:58
There are no translations available.

Во организација на Македонскиот зелен центар во периодот од 12-14 декември 2008 год. во х. Макпетрол - Струга, се одржа Седмата Годижна Средба на здруженија на граѓани активни во полето на животната средина и одржлив развој.

Read more...
 
Енергетиката има сериозни влијанија врз животната средина, дали политичарите се свесни за нив?! PDF Print E-mail
Articles
Sunday, 20 July 2008 19:38
There are no translations available.


Во јуни оваа година се случија предвремени избори и како и за секои избори во изминативе три години Македонскиот зелен центар ги следеше програмските активности на политичките коалиции поврзани со животната средина и енергетиката.

Read more...
 
<< Start < Prev 1 2 3 4 Next > End >>

Page 1 of 4