Македонски Зелен Центар

Форум за поддршка

Имате прашање– ние ќе Ви помогнеме да го најдете одговорот. 
Сервис за професионалци вклучени и/или заинтересирани за процесот на проширување на ЕУ. Сервисот е специфично изработен за корисници од Хрватска, Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија, Косово под УНХЦР 1244 и Турција.


Сервис кој на дневна основа им овозможува на корисниците да поставуваат прашања, барања или коментари и да добиваат брзи одговори од посветени експерти. 
Форумот обезбедува брза и практична „почетна точка“ за организациите кои се привлечени од можноста да имаат „изработен по мерка“ пристап до информации, преку поднесување на специфични прашања поврзани со процесот на проширување на ЕУ и политиките на ЕУ за граѓанското општество.  

Поставете прашања поврзани со:
1. Проектот Environment Forum 
2. EУ, процесот на проширување и целните земји 
3. Проширувањето на ЕУ и можностите за граѓанското општество поврзано со животната средина 

Форумот за поддршка е сервис посветен на професионалци вклучени и/или заинтересирани за процесот на проширување на ЕУ. За да се спречат прашања кои не се во опсегот на проектот или не се однесуваат на стручноста која можеме да ја понудиме, Ви предлагаме да проверите дали Вашето прашање се наоѓа во некоја од темите излистани подоле, пред да продолжите со формулирање на Вашето прашање: 

За повеќе детали кои се однесуваат на темите опфатени со форумот за поддршка, посетете ја соодветната страна на веб-страната: 
www.envforum.eu

За да го испратите Вашето барање, пратете го на електронската пошта:
helpdesk(at)envforum.eu

Проектот Environment Forum 
Главната цел на Environment Forum („проектот") е да го изгради и зајакне граѓанското општество активно во полето на животната средина, во трите земји кандидатки (Хрватска, Македонија и Турција) и потенцијалните кандидати (Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија и Косово под УНХЦР 1244/99) преку размена на информации за политиките на ЕУ во областа на животната средина и развојот на политиките за проширување.



Форумот за поддршка е заеднички управуван од

Проектот е финансиран од Европска Комисија

Публикации

Профил на МЗЦ

Слика на денот

Иницијативи

Партнери и пријатели