Македонски Зелен Центар

Вести и активности

13.03.2013

Промовирано координативното тело помеѓу Граѓанските Организации од областа на животната средина и МЖСПП

Денес во ЕУ Инфо Центарот при делегацијата на ЕУ, беше промовирано формирањето на КООРДИНАТИВНОТО ТЕЛО ЗА СОРАБОТКА И ДИЈАЛОГ ПОМЕЃУ ЕКОЛОШКИТЕ ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ И МИНИСТЕРСТВОTO ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА И ПРОСТОРНО ПЛАНИРАЊЕ НА Р.М.

Формирањето на Координативното тело е иницијатива на повеќе од педесет еколошки организации, а главна цел на ова координативно тело е афирмирање на принципите на добро владеење, партиципативната демократија, заеднички иницијативи и размена на идеи преку (креирање на механизми за) унапредување на дијалогот помеѓу МЖСПП и граѓанското општество со цел заштита и подобрување на состојбата со животната средина во Република Македонија. 

На промоцијата на Kоординативното тело се обратија Г-дин Абдилаќим Адеми, Министер за животна средина и просторно планирање на Република Македонија и Г-дин Методија Саздов, претседател на Македонски Зелен Центар, кој се обрати во име на еколошките граѓанските организации. На промоцијата беа претставени и членовите на координативното тело составено од претставници на граѓанските организации и Министерството за животна средина и просторно планирање, поделени по секторски области (Комуникација и информирање на јавноста, Просторно планирање и SEA, Оддржлив развој и Инвестиции во животната средина, ЕУ Интеграција и Законска регулатива, Климатски промени, ОИЕ/Енергија, Инспекторат за животна средина, Вода, Воздух (Бучава), ИСКЗ и ЕИА, Биодиверзитет, Отпад и ИПА).

Координативното тело ќе работи на заеднички мониторинг и анализи на јавните политики за животна средина, размена на идеи и мислења за подобрување на законската регулатива и стратешките документи, како и заедничка работа за напредокот во поглавјето за животна средина во извештајот на ЕУ. 

Координативното тело ќе биде модерирано од страна на граѓанските организации со поддршка на Секторот за Комуникации со Јавност при МЖСПП. 

Публикации

АНАЛИЗА НА СОСТОЈБАТА СО ПОДЗАКОНСКИТЕ АКТИ ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА ВО МАКЕДОНИЈА

Профил на МЗЦ

Слика на денот

Иницијативи

Партнери и пријатели