Македонски Зелен Центар

Вести и активности

07.10.2013

10та ГОДИШНА СРЕДБА НА ЕКОЛОШКИТЕ ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Почитувани,

Ни претставува задоволство по десетти, јубилеен пат да Ве поканиме на Годишната средба на здруженијата на граѓани кои работат на полето на животната средина и одржлив развој во Република Македонија. 

Десеттата годишна средба ќе се одржи во Хотел Романтик во Дојран во периодот од 18-20 Октомври 2013 година. 

Оваа година, таа се организира во рамките на проектот на УСАИД за Општински стратегии за климатски промени (USAID  Municipal climate change strategies project), кој во Македонија се спроведува од страна на Милиеуконтакт Македонија.

Општа цел на десеттата годишна средба е промоција на Зелената Агенда како модел за донесување на локалните стратегии за климатски промени во општините во Македонија, како и развојот на координативното тело за соработка помеѓу ГО и МЖСПП. 

За реализирање на оваа цел, на средбата е планирна дискусија помеѓу граѓанските организации, Министерот за Животна средина г. Абдулаќим Адеми и тимот на МЖСПП- кој работи на тематските (сектори) области кои се дел од агендата на оваа средба.

Предвидено е да присуствува Министерот за животна средина и просторно планирање г. Абдулаќим Адеми со преставници од секторите во МЖСПП, како и директорот на мисијата на УСАИД во Македонија, г.Џејмс Стајн.

Во прилог на оваа покана, Ви испраќаме пријава која треба да се пополни и испрати најдоцна до 11.10.2013 (Петок), по електронска пошта на следнава e-mail адреса: zeleni@zeleni.org.mk.

Секоја организација може да пријави максимум двајца членови. Секој член треба да ја пополни пријавата одделно. Поради важноста на средбата, Ве поттикнуваме да пријавите учесници кои се активни членови на својата НВО и имаат докажано искуство во работа на полето на заштита на животната средина и конкретните теми. Доколку имате дополнителни прашања може да се обратите на zeleni@zeleni.org.mk.

Публикации

МАКЕДОНИЈА и КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ

Профил на МЗЦ

Слика на денот

Иницијативи

Партнери и пријатели