Македонски Зелен Центар

Вести и активности

06.03.2012

Македонското еколошко друштво по втор пат успеа да постави GPS околувратник на балкански рис

Македонското еколошко друштво на 5-ти март 2012 година на планината Стогово залови балкански рис којшто по поставањето на GPS околувратникот беше ослободен во природа. Станува збор за здрава машка единка стара најверојатно од две до три години долга 98 см и тешка 17 килограми. Тимот на Македонското еколошко друштво одлучи овојпат рисот да го крсти Ристе. Благодарение на GPS технологијата, Ристе веќе испраќа податоци за тоа каде се движи. Податоците се од извонредно научно значење за да се дознае нешто повеќе за биологијата и екологијата на балканскиот рис. Македонско еколошко друштво смета дека овој настан може позитивно да влијае на подигнување на јавната свест во однос на заштита на ова критично загрозено животно, особено поради фактот што криволовот е сеуште најголема закана за неговиот опстанок, не само во Македонија туку и во регионот.
Во 2010 година беше заловен и обележан рисот Марко во Националниот парк Маврово, којшто беше следен скоро две години.

Публикации

Профил на МЗЦ

Слика на денот

Иницијативи

Партнери и пријатели