Македонски Зелен Центар

За нас

Македонски Зелен Центар (МЗЦ) е Центар за истражување, застапување и лобирање на теми од областа на животната средина.

МЗЦ е невладина, непрофитна и непартиска организација, основана на иницијатива од Работната група за позеленување на локалните избори (РГПЛИ) од Еко свест - Скопје, Биосфера –Битола, Крсте Јон – Струга, Проактива – Скопје и Еко.Нет –Скопје. 
МЗЦ дејствува и работи на Локално, Национално и Меѓународно ниво. 

Идејата за основање на МЗЦ потекнува од кампањата „Гласај за природата“ која се спроведе од РГПЛИ и десетина еколошки организации во Македонија во контекст на Локалните Избори 2005. Нејзината цел беше да се подигне значењето на неколку локални проблеми од областа на животната средина во програмите на кандидатите за градоначалници и советници. 

МИСИЈА на Македонски Зелен Центар 

Мисијата на МЗЦ е да промовира конкретни демократски алатки кои ќе им овозможат на граѓаните да имаат активна улога во процесите на демократско и транспарентно носење на одлуки и да се подигне разбирањето за прашањата од областа на животната средина како вистински значајна политичка тема во Македонија. 

СТРАТЕШКИ ЦЕЛИ НА МЗЦ 

Нашата долгорочна цел е да се промовираат конкретни демократски алатки кои ќе им овозможат на граѓаните да имаат пристап во процесот на демократското носење на одлуки и поконкретно да се направат позитивни промени во разбирањето на животната средина како значајно и реално политичко прашање преку:

  • издигнување на прашањето на животната средина на повисоко ниво на политичката агенда, со отварање на дебати кои ќе се однесуваат на прашања и проблеми со животната средина;
  • создавање на јасна врска помеѓу можностите за одржлив локален економски развој и прашањата кои се однесуваат на здрава и сигурна животна средина како еден од клучните предуслови за локален економски развој. 
     

ОСНОВАЧИ НА МЗЦ 

Македонскиот зелен центар е основан од претставници од 6 невладини организации кои работат на полето на животната средина:

Еко-свест од Скопје, организација чии активности се насочени кон решавање на проблеми со цврст отпад, промоција на одржлив и безбеден транспорт, промоција на обновливи видови на енергија и делување на полето на ГМО.

Проактива Скопје

Проактива од Скопјe, нивните активности се насочени кон енергетската ефикасност, обновливата енергија и јавниот транспорт и алтернативните начини на транспорт.

Еконет

Еконет од Скопје, Центар за електронска комуникација им овозможува на еколошките НВО-и, информациите за нивните активности или вести да бидат презентирани на пошироката јавност. Исто така овозможува и размена на информации меѓу самите НВО, но и достапност на информациите од сферата на животната средина до сите заинтересирани. 

И.П.О Крсте Јон / Зелен Центар

И.П.О Крсте Јон / Зелен Центар од Струга – нивните активности се насочени кон укажување од потребата за заштита на Охридското Езеро како светски и културен споменик од една страна, и како важен ресурс на вода од друга страна. 

Коцка

Коцка - мрежа на независни консултанти од Скопје - мрежата обезбедува обуки и консултантски услуги на граѓански здруженија, приватни компании, локални самоуправи, владини и меѓународни институции.

Биосфера од Битола, нивна основна активност е интегрирање на организациите кои работат на полето на заштита на животната средина и политиките за животната средина со стандардите и принципите на Европската Унија.

Публикации

МАКЕДОНИЈА и КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ

Профил на МЗЦ

Слика на денот

Иницијативи

Партнери и пријатели