Македонски Зелен Центар

Услуги

Управување со проектен циклус

МЗЦ изработува и нуди услуги во управување со проектен циклус, преку анализа на проблеми и оценка на потребите за отпочнување на проект, припрема на предлог проектна документација, имплементација на проектот, набљудување и оценка на имплементација на проекти, подготовка на проектни извештаи како и административно и финансиско управување со проекти.

Стратешко планирање

Заради подобро управување на ресурсите во заедниците, организациите, институциите и компаниите потребно е да се изготват оперативни стратешки докменти со конкретни акциони планови. Тимот на МЗЦ нуди услуги во изготување на стратешки документи со акциони планови како што се ЛЕАП-и, Локална Агенда 21, Зелена Агенда, планови за управување со отпадот, управување со водните ресурси, развојни планови, планови за управување со ризик итн. Исто така МЗЦ нуди услуги во изготвување на бизнис и маркетинг планови за бизнис секторот, како и планови за градење на капацитетите на организациите. 

Едукација и Обука

Едукацијата и обуките се едни од главните активности и услуги кои ги нуди Македонски Зелен Центар. Во зависност од потребите за градење на капацитетите на заедниците, граѓанските здруженија, локалните самоуправи и бизнис секторот, МЗЦ развива планови за реализација и оценка на програми за обуки и едукативни активности на различни теми кои се поврзани со одржливиот развој, градење на капацитети, управувањето со природните ресурси и заштитата на животната средина.

Организација на настани и логистичка подршка

МЗЦ нуди услуги во организирање на конференции, работилници, семинари, трибини, дебати, презентации и кампањи, преку целосна логистика за организација на различни настани. Покрај тоа нудиме техничка помош при изготвување на анкети и истражувања, припрема на репрезентативни материјали, подготовка на печатени материјали и изготвување и хостирање на web-страни.

Застапување и лобирање

МЗЦ нуди услуги и активности за промовирање, застапување и лобирање за проблеми и решенија кои се поврзани со проблеми во животната средина, одржливиот развој и подобрување на условите за живот на заедниците и граѓаните, притоа нудејки техничка, логистичка и стручна помош за постигнување на интересите за одржлив развој на заедниците и граѓаните, преку вклучување и анимирање на јавноста, градење на соработка и партнерства, креирање на јавни политики и пристап до информации, лобирање кај пратеници во Парламентот и кај Градоначалници и други институции.

Барања за Интегрирани Еколошки Дозволи (IPPC)

Со стапување на новата законска регулатива за животна средина сите компании сопственици на инсталации дефинирани според Законот за животна средина се задолжени да приготват Барања за интегрирани еколошки дозволи, во зависност од капацитетот на инсталацијата тие се поделени на А и Б интегрирани еколошки Дозволи. Тимот на МЗЦ стои на располагање за изготвување на целосната документација за поднесување на Барање за издавање на ингегрирани еколошки дозволи или барања за усогласување со оперативен план за постоечките инсталации

Студија за оценка на влијанието врз животната средина

Според законската регулатива, инфраструктурните проекти опфатени со Законот за животна средина, пред изведбата се задолжени да изготват Студија за оценка на влијанието врз животната средина (EIA – Environmental Impact Assessment). МЗЦ располага со обучен кадар за изготвување и техничка помош при подготовката на EIA и SEA (Стратешка Оценка на Влијание врз животната средина) Студии.

Систем на управување со животната средина

Контролата на загадувањето и влијанието врз животната средина се набљудува преку системи за управување. Во зависност од потребата и типот на системите за управување со животната средина, развиени се неколку модели за управување. МЗЦ нуди услуги за имплементација на EMAS (Eco-management and audit scheme) системи кои првенствено се наменети за компаниите, како и системот на ISO со имплементација ISO 14000 стандардите и дизајнирање на системи за надворешен и внатрешен мониторинг на животната средина.

Публикации

Профил на МЗЦ

Слика на денот

Иницијативи

Партнери и пријатели