Вести...

 
   
 
 
Наши пријатели...
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
   
 
 
Дизајн и хостирање
 
     

 

НОВИ ТЕЛЕФОНСКИ БРОЕВИ
тел: 02/ 53 11 827
факс: 02/ 53 11 828
моб: 078/ 205 217

Документи...

Преглед на состојбата со законската регулатива за животна средина (PDF март 2008)
 
Анализа на состојбата со позаконските акти за животна средина (PDF март 2008)
 

СТЕРНОВ ИЗВЕШТАJ - Економија на климатските промени - Извршно резвиме

 
Македонија и климатските промени (PDF - март 2008)
 
Одржливиот развој и заштитата на животната средина низ документите на обединетите нации (PDF - март 2008)
 
 

ДОБРЕДОЈДОВТЕ НАШИОТ ВЕБ-САЈТ

 
 
Македонски зелен центар (МЗЦ) е невладина, непрофитна и непартиска организација за застапување, лобирање и истражување на прашања од областа на животната средина. Основана од страна на шест организации од Македонија (Биосфера, Еко Свест, Еко Нет, Коцка, Крсте Јон и Проактива). МЗЦ работи на национално, регионално и меѓународно ниво.

 

Настани и активности...

Декември 2008 год. - Основање на Регионална зелена лоби група

Регионалната работна конференција што се одржа од 19 до 21 декемви 2008 год, во Охрид, беше на тема “Формирање и поддршка на првата Регионална парламентарна зелена лоби група”, на која присуствуваа 12 пратеници, членови на националните парламентарни зелени лоби групи на Република Македонија и Република Албанија, претставници од Министерствата за животна средина на двете земји и претставници на 20 граѓански здруженија од земјата и регионот


Декември 2008 год. - СЕДМА ГОДИШНА СРЕДБА на здруженија на граѓини активни во полето на животната средина

Во организација на Македонскиот зелен центар во периодот од 12-14 декември 2008 год. во х. Макпетрол - Струга, се одржа Седмата Годижна Средба на здруженија на граѓани активни во полето на животната средина и одржлив развој.


Ноември 2008 год. - Состанок со членовите на Парламентарната група за животна средина при Собранието на Република Македонија
Македонски Зелен Центар организираше координативен состанок со пратениците членови на Парламентарната група за животна средина. Состанокот се одржа на 6 ноември 2008 година во просториите на Домот на АРМ.

Септември 2008 год. - Истражување за спроведување на законската регулатива за Оценка на влијание врз животната средина (ЕИА и СЕА)
Македонски Зелен Центар започна со имплементација на истражувачкиот проект „Спроведување на процедурите за Оценка на влијание врз животната средина и Стратегиска оценка на влијанието на определени стратегии, планови и програми врз животната средина во Македонија”.

Јуни 2008 год. - Енергетиката има сериозни влијанија врз животната средина, дали политичарите се свесни за нив?!
Во јуни оваа година се случија предвремени избори и како и за секои избори во изминативе три години Македонскиот зелен центар ги следеше програмските активности на политичките коалиции поврзани со животната средина и енергетиката.

Мај 2008 год. - Парламентарни избори 2008 ... гласај за ПРИРОДАТА!
Македонскиот зелен центар во соработка со организациите членки на МЗЦ ( “Еко свест” - Скопје, “Биосфера” - Битола, “Проактива” - Скопје, “Крсте Јон” - Струга, “Еко.Нет” - Скопје и “Коцка” - Скопје) ја спроведува кампањата “... гласај за ПРИРОДАТА“

Март 2008 год. -Во посета на Македонија - г-дин Елиот Морли, британски експерт за климатски промени
Во рамки на проектот “Формирање на зелена лоби група во Македонскиот Парламент“ и на покана од амбасадорот на Велика Британија, г-дин Андру Ки во Република Македонија на 27 и 28 март, 2008 година присуствуваше г-дин Елиот Морли, експерт за климатски промени.

Март 2008 год. - Граѓанска иницијатива “ДЕН НА ДРВОТО - ЗАСАДИ ЈА СВОЈАТА ИДНИНА“
Дел од членовите на Парламентарната зелена лоби група кои се од Скопје, активно се приклучија кон иницијативата за пошумување ДЕН НА ДРВОТО – ЗАСАДИ ЈА СВОЈАТА ИДНИНА и на 12 март симболично посадија дрвце во реонот на локалитетот Матка.

Февруари 2008 год. - Средба на здруженијата на граѓани и членовите на Парламентарната зелена лоби група
На 26 февруари 2008 година во Клубот на пратеници во Скопје се одржа еднодневна работилница организирана од Македонскиот Зелен Центар на тема “Воспоставување на механизам за подобра соработка помеѓу здруженијата на граѓани, членовите на Парламентот и државните институции во областа на животната средина и одржливиот развој”.

Февруари 2008 год. - Продолжение на вториот состанок на Парламентарната зелена лоби група
На 7 февруари 2008 година во Собранието на Република Македонија се одржа продолжението на вториот работен состанок на Парламентарната зелена лоби група. На состанокот присуствуваа 8 Пратеници-членови на лоби групата: Благој Зашов, Марјан Додовски, Катерина Димеска, Томе Даневски, Азис Положани, Сафет Незири, Зоран Витанов и Мирјана Секуловска.

Настани од 2007 година...


- Втор состанок на Парламентарната зелена лоби група (Декември 2007год.)

- Шеста Годишна средба на еколошки организации (Ноември 2007год.)
- Промоција на “Парламентарната зелена лоби група“ (Октомври 2007год.)
- Реализирани одделни состаноци со пратениците за формирање на зелена лоби група во Парламентот (Јули 2007год.)
- Подготвителни состаноци со релевантните државни институции за формирање на зелена лоби група во Парламентот (Јуни 2007 год.)
- Обука “Градење на тимот (team building)“ за членовите на МЗЦ (Јуни 2007 год.)
 

 

 
   
Copyright 2008 © Македонски зелен центар - Сите права се задржани
Дизајн и хостирање: АстерХост.Нет